Slide background
Slide background
Slide background

Slide background
Slide background
Slide background

PINOT GRIGIO
Single Vineyard 2016

Виното е добиено 100% од сортата Pinot Grigio, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Се одликува со карактеристична сламесто бледа боја со зеленикави нијанси. Ова свежо, суво вино изобилува со привлечна овошна арома, која потсетува на пасирано бело овошје, пред сé круша надополнета со банана и со цитрусни поттонови. Вкусот е полн, сортен, со карактеристична свежина, минерални поттонови и пријатен, долг и хармоничен послевкус.

Се препорачува да се конзумира разладено на 8-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, тестенини со бел сос и пилешко.

 

Алкохол: 13% Vol.

Полнето: Декември 2016

Претходни берби:

Pinot Grigio Single Vineyard 2015

Pinot Grigio Single Vineyard 2014

Pinot Grigio Single Vineyard 2013

Pinot Grigio 2012

Pinot Grigio 2011

Pinot Grigio 2010

Slide background

SAUVIGNON BLANC
Single Vineyard 2016

Виното е добиено 100% од сортата Sauvignon Blanc, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Ова вино има специфична зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е сортен и типичен, открива дискретни вегетативни ноти во комплекс со цитруси и тропско овошје. Вкусот е средно полн, со карактеристична свежина, минерални поттонови и пријатен и хармоничен послевкус.

Виното се ужива разладено на 8-10°C, во комбинација со свежа морска риба, предјадење од лосос, зелена салата и пилешко месо.

 

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Јануари 2017

Претходни берби:

Sauvignon Blanc 2015

Sauvignon Blanc 2014

Sauvignon Blanc 2013

Sauvignon Blanc 2012

Sauvignon Blanc 2011

Sauvignon Blanc 2009

Slide background

Fumé Blanc 2015

Ова вино, добиено 100% од сортата Sauvignon Blanc, има специфична зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е раскошен и елегантен, открива доминантни вегетативни ароми испреплетени со тонови на тропско овошје. Вкусот е среднополн, сортен, со карактеристична свежина и долготраен и хармоничен послевкус.

Посебноста на ова вино произлегува од созревањето во нови барик-буриња од француски даб со изразена минералност, како и од примената на "sur lie" методот при што доаѓа до продолжен контакт на виното со финиот талог. Така, комплексното буке на ова вино е збогатено со дискретни минерални ноти и тонови на дим.

Виното се консумира разладено на 8-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, зелена салата и пилешко месо.

 

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Април 2016

Slide background

TEMJANIKA 2016

Премиум ароматично бело вино добиено 100% од сортата Темјаника. Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја. Шармот на ова вино се открива преку елегантниот и сензулатен мирис, типичен за сортата. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.

Препорачуваме да се послужува разладено на температура од 8-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и aзиска кујна. Ова вино одлично се комбинира и со суви колачи и овошни пити.

 

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Март 2017

Претходни берби:

Temjanika 2015

Temjanika 2014

Temjanika 2013

Temjanika Premium Dry White Wine 2012

Temjanika Premium Dry White Wine 2011

Temjanika 2010

Temjanika 2009

Temjanika 2007

Temjanika 2006

Slide background

Golden Temjanika 2016
Premium semi-dry white wine

Златна Темјаника е премиум полусуво бело вино добиено од одбрани гроздови Темјаника. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се истакнуваат со дoдавањето на нежни ливчиња од вистинско 23-каратно злато во самото вино. Златна Темјаника, освен со својот ултрамодерен, нежно-сјаен изглед, се одликува и со мирис кој е елегантен и сензуален, со комплексни овошни ароми на сува кајсија, кора од портокал и дискретни зачински поттонови. Вкусот е средно полн, избалансиран, со хармонична свежина и овошно-зачински послевкус. Златните ливчиња присутни во Златна Темјаника се наменети за употреба во гастрономијата, сосема се безбедни за конзумација и немаат влијание врз вкусот и мирисот на самото вино.

Златна Темјаника е вино чие создавање е инспирирано од величенственоста на обичните мигови кои ги споделуваме со другите луѓе. Визуелно присутната екстраваганција и нишката на луксуз кај ова вино претставуваат порака која нe потсетува на убавината на едноставното уживање во животот.

Уживајте во ова вино како аперитив, во комбинација со лесни предјадења и суви колачи, пита од јаболка, поширани круши и сл.

Препорачана температура на послужување: 8-10оС.

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Април 2017

Претходни берби:

Golden Temjanika 2015

Golden Temjanika 2014

Slide background

CHARDONNAY SINGLE VINEYARD 2016

Ова вино, добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник, се одликува со кристална бистрина и изразена жолто-зелена боја. Дискретните ароми на ананас и јужно овошје, надополнети со минерални поттонови, го прават ова вино посебно модерно и привлечно. Вкусот е префинет и комплексен, полн, со изразена цитрусна свежина што овозможува пријатен и долготраен послевкус.

Ова вино одлично се комбинира со равиоли од тиква и други видови на тестeнини, со бело месо, како и со одбрани сирења.

Препорачана температура на послужување: 8-12°С.

 

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Јануари 2017

Претходни берби:

Chardonnay Single Vineyard 2015

Chardonnay Single Vineyard 2014

Chardonnay Single Vineyard 2013

Chardonnay Single Vineyard 2012

Chardonnay Single Vineyard 2011

Chardonnay Single Vineyard 2009

Chardonnay 2007 Late Harvest

Chardonnay 2005

Slide background

CHARDONNAY
Barrel Fermented 2015

Виното е добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Посебноста на ова Chardonnay се должи на применетата ферментација во барик- буриња од француски даб, со продолжен контакт на виното со финиот талог по т.н. „Sur Lie“ метода, како и на дополнителното 10-месечно созревање во истите. Се одликува со жолтеникаво-зеленкаста боја и кристална бистрина. Мирисот е комплексен, раскошен и елегантен, со испреплетени ароми на тропско овошје. Вкусот е кремаст, со бисквитно-путерна текстура и овошен послевкус на диња и круша. Виното се одликува сo исклучителна полност, хармоничност и заокруженост, и со потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.

Се сервира разладено на 10 – 12°C. Уживајте во ова вино во комбинација со сите видови на бело месо, морски плодови, риба, тестенини и одбрани сирења.

 

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Септември 2016

Претходни берби:

Chardonnay 2014 Barrel Fermented

Chardonnay 2013 Barrel Fermented

Chardonnay 2012 Barrel Fermented

Chardonnay 2011 Barrel Fermented

Chardonnay 2009 Barrel Fermented

Chardonnay 2008 Barrel Fermented

Chardonnay 2007 Barrel Fermented

Chardonnay 2006 Barrel Fermented

Slide background

EUPHORIA
TEMJANIKA Late Harvest 2015

Премиум бело вино добиено од доцна берба на одбрани зрна од сортата Темјаника. Посебноста на ова вино се должи на повеќемесечното созревање во буриња од француски даб, со што се добива комплексна арома која е впечатлива и открива цветно-медени ноти. Вкусот е богат и полн, со пријатно избалансирани свежина и слаткост.

Ова вино одлично се комбинира со пита од јаболка, овошна торта или крем бруле.

Се препорачува да се консумира на температура од 8-10°C.

 

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Јули 2016

Претходни берби:

Temjanika Late Harvest 2008 Selected Dry Berries