Slide background
Slide background
Slide background

Slide background
Slide background
Slide background
Slide background

PINOT NOIR 2015
LOT No. 2

Ова суво црвено вино е добиено 100% од сортата Pinot Noir, од внимателно селектирани гроздови. Виното се карактеризира со нежна рубин црвена боја. Мирисот е впечатлив и открива ароми на малина, брусница и вишна. Вкусот е среднополн, елегантен, со испреплетени ароми на црвено овошје и сладок корен, надополнети со зачински ноти на каранфилче и дим, завршувајќи со долг послевкус. Хармоничната свежина и меките сомотести танини му овозможуваат на виното капацитет за неколкугодишно созревање во шише.

Ова вино одлично се комбинира со специјалитети од димен лосос, пате од гуска, или со одбрани меки сирења. Препорачана температура на послужување: 16-17°C.

 

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Декември 2016

Slide background
Slide background

WINEMAKERS’ SELECTION 2016

Суво црвено вино добиено со фузија на внимателно одбрани гроздови од врвни сорти на грозје: Vranec (40%), Merlot (40%) и Carménère (20%). Виното се одликува со рубин црвена боја. Аромата е комплексна, со истакнат овошно-зачински карактер кој потсетува на зрела вишна, надополнета со дискретни ванилински поттонови. Вкусот е полн, со кадифена структура и меки танини кои му даваат на ова вино долг послевкус и капацитет за неколкугодишно созревање во шише.

Комбинирајте го ова вино со одбрани јаки сирења, италијански колбаси и разни специјалитети од месо.

Препорачана температура на послужување: 14-16°С.

 

Алкохол: 14% Vol.

Полнето: Јуни 2017

Претходни берби:

Winemaker's Selection 2015

Winemaker's Selection 2014

Winemaker's Selection 2013

Winemaker's Selection 2011

Winemaker's Selection 2009

Slide background
Slide background

MONTEPULCIANO 2015

Суво црвено вино со контролирано и гарантирано потекло. Виното е добиено 90% од сортата Montepulciano и 10% од Merlot, од сопствените насади на винаријата Камник, од гроздови одгледувани со особено внимание и примена на методот на намалување на родот. Ова вино се карактеризира со длабока рубин црвена боја. Мирисот е интензивен, со арома на зрела капина и дива вишна. Вкусот е полн и маркантен, со испреплетени вкусови на капучино и тутун, надополнети со фини нишки на чад, завршувајќи со џемаст послевкус. Хармоничната свежина и меките сомотести танини му овозможуваат на виното капацитет за неколкугодишно созревање.

Комбинирајте го ова вино со специјалитети од црвено месо, пате од гуска со слатко од кромид, или со одбрани јаки сирења.

Препорачана температура на послужување: 16-17°C

 

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Јуни 2016

Претходни берби:

Montepulciano 2013

Montepulciano 2011

Montepulciano 2009

Slide background
Slide background

CUVÉE DE PRESTIGE 2015

Суво црвено вино добиено со винификација на внимателно одбрани гроздови од сортите: Merlot (45%), Vranec (37%) и Cabernet Franc (18%). Виното се одликува со интензивна рубин црвена боја и допадлива арома на зрели плодови, црно ситнозрнесто овошје со дискретни вегетативни ноти, надополнети со поттонови на црно чоколадо. Комплексноста на ова кувe се должи на 15-месечното одлежување во нови и делумно користени дабови буриња со капацитет од 225 литри. Вкусот е полн, со висока содржина на екстракт, хармонична свежина и меки сомотести танини кои му овозможуваат на ова вино потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.

Уживајте во ова вино во комбинација со јаки сирења, специјалитети од месо и дивеч, како и зачинета храна. Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.

Препорачана температура на послужување: 14-16°С.

 

Алкохол: 14.5% Vol.

Полнето: Мај 2017

Претходни берби:

Cuvee de Prestige 2014

Cuvee de Prestige 2013

Cuvee de Prestige 2012

Slide background
Slide background

TEN BARRELS SYRAH
Reserva 2015

Посебноста на ова вино Syrah, добиено од сопствените насади, произлегува од двојната редукција на приносот, која резултира во парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза, но и од присуството на 4% Вранец. Ваквите постапки овозможуваат добивање на фенолно зрело вино со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и потенцијал за созревање. Букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје. Комплексноста на ова вино се должи на 12-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб кои допринесуваат за добивање на дискретни зачински тонови на каранфилче, надополнети со мирис на црна чоколада, ванила и сладок корен. Вкусот е елегантен и полн, со одлична структура, меки, кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус.

Ова вино се служи на температура 14-16°С, во комбинација со специјалитети од разни видови месо, особено дивеч во пикантен сос.

 

Алкохол: 14% Vol.

Полнето: Декември 2016

Претходни берби:

Ten Barrels Syrah 2013

Ten Barrels Syrah 2012

Ten Barrels Syrah 2010

Ten Barrels Syrah 2009

Ten Barrels Syrah 2008

Syrah 2005 Barrique.pdf

Slide background
Slide background

MERLOT
Single Vineyard 2015

Суво црвено вино произведено 100% од внимателно избрани гроздови од сортата Merlot од сопствените насади во близина на винаријата Камник. Oва вино се одликува со длабока рубин црвена боја со виолетова нијанса. Процесот на 20-месечно одлежување на виното во нови буриња од американски и француски даб резултира во комплексен мирис кој открива овошно-зачински тонови, со доминантна арома на суви сливи, надополнетa со ноти на ванила и кафе. Виното има полн и елегантен вкус кој изобилува со меки и интегрирани танини, а долготрајниот и пријатен послевкус се карактеризира со сладок корен и чоколада.

Oва вино совршено се комбинира со специјалиети од месо, особено со дивеч со додаток на разни пикантни сосови, како и со разни видови на сирења. Препорачанa температура за конзумирање: 15-18°С.

 

Алкохол: 14.5% Vol.

Полнето: Август 2017

Претходни берби:

Merlot Single Vineyard Reserva 2014

Merlot Single Vineyard Reserva 2013

Merlot Single Vineyard Reserva 2011

Merlot Single Vineyard Reserva 2010

Merlot Single Vineyard Reserva 2009

Merlot Single Vineyard Reserva 2007

Merlot Single Vineyard Reserva 2005

Slide background
Slide background

TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON
Reserva 2013

Премиум црвено вино добиено од сортата Cabernet Sauvignon. Виното е со изразена рубин црвена боја со темноцрвени нијанси. Вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Оваа комплексност се должи на 24-месечното созревање во нови буриња од француски и американски даб. Вкусот е полн, хармоничен, со цврста структура, импресивни и нагласени танини и продолжен и пријатен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм.

Виното се послужува на температура од 16-18°С и одлично се комбинира со специјалитети од разни видови месо, особено со бифтек во сос од зелен бибер или дивеч во пикантен сос.

 

Алкохол: 15.3 % Vol.

Полнето: Април 2016

Previous vintages:

Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2011 Reserva

Slide background
Slide background

TERROIR VRANEC
Grand Reserva 2013

Суво црвено вино добиено од 100 % гроздови од сортата Вранец, природно просушени на самата лоза. Има карактеристична густина за сортата, одлична подвижност и динамичен вискозитет. Виното се одликува со темна рубин црвена боја, а аромата е овошно-зачинска и потсетува на мешавина од зрела капина, боровинка и модра слива, со дискретна нота на нане. Со процесот од 28-месечно зреење во нови барик-буриња од американски даб се добива исклучително полн и интензивен вкус на џем од црно овошје, со долг и перзистентен чоколаден послевкус.

Хармоничните киселини, меките сомотести танини и комплексното букe со префинета структура му овозможуваат на ова вино потенцијал за долго созревање. Со одлежувањето на подолг период во соодветен амбиент ова вино ќе добие дополнителна комплексност и раскош.

Комбинирајте го ова вино со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос, или јаки сирења.

Препорачана температура на послужување: 16-18°С.

Препорачуваме да се декантира пред послужување.

Алкохол: 16.3% Vol.

Полнето: Aвгуст 2016

Претходни берби:

Terroir Vranec Grand Reserva 2012

Terroir Vranec Grand Reserva 2011

Terroir Vranec Grand Reserva 2008

Slide background
Slide background

SIGNATURE MERLOT
Grand Reserva 2012

Ова посебно полусуво црвено вино е добиено од 100% внимателно одбрано грозје од сортата Merlot. Виното се одликува со длабока рубин црвена боја и темна виолетова нијанса. Куриозитетот за ова вино е примената на природна редукција на родот со која се овозможува парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза. Процесот од 23-месечното одлежувањето на ова вино во нови barrique буриња од американски и француски даб резултира во интензивен, созреан и комплексен мирис на зрелo пасирано црвено овошје, дискретна ванила и нијанси на ментол и каранфилче. Вкусот е богат, полн и исклучително созреан, со мека танинска структура и хармонични киселини и долготраен овошно-чоколаден послевкус. Со продолженото зреењето во шише  во соодветен амбиент ова вино добива дополнителна комплексност.

Се препорачува да се консумира на температура од 15-18°С, во комбинација со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос и со јаки сирења.

Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.

 

Алкохол: 17.3% Vol.

Полнето: Февруари 2015

Претходни берби:

Signature Merlot Grand Reserva 2008

Slide background
Slide background

CABERNET SAUVIGNON
Late Harvest 2009

Премиум црвено десертно вино добиено од доцна берба на одбрани гроздови од сортата Cabernet Sauvignon. Виното се карактеризира со бистрина и нежна рубин црвена боја. Интензивниот овошно-зачински мирис потсетува на сладок сируп од мешавина на ситнозрнесто овошје, дополнет со ноти на зелена пиперка како карактеристика на сортата. Вкусот е полн, хармоничен, многу екстрактивен, со пријатни киселини кои ова вино го прават избалансирано и со долготраен послевкус.

Се препорачува да се консумира самостојно или како десерт на температура од 13-15°С, со одбрани јаки сирења или сув колач од темно чоколадо.

 

Алкохол: 15.1% Vol.

Полнето: Јуни 2012