Slide background

ПРИКАЗНА ЗА ВИСТИНИТО ПАТУВАЊЕ ВО СВЕТОТ НА ГРОЗДОВИТЕ,
ЗА ГРОЗДОВИТЕ ИГРИ ВО НАШИТЕ ЛОЗЈА,
ЗА ИСТРАЖУВАЊАТА НИЗ УНИВЕРЗУМОТ ОД МОЖНОСТИ
ВО КОЈ СОЗДАВАМЕ РАСКОШНИ ВИНСКИ ВКУСОВИ...

НАШАТА ПРИКАЗНА

Сé започнува со сосема личната фасцинација од уметноста на правење вино
која отсекогаш ја имал еден вински ентузијаст од Скопје, основачот на винаријата.
Нештата понатамy се одвиваат природно, како модерна експресија на автентичната
македонска традиција на правење вино. Од колекционирање вина од разни вински региони во светот,
преку првите насадени лози и нивната трансформација во современо лозје, преку поставувањето на темелите
на она што ќе биде бутик-винарија во вид на замок, првите барик буриња во неа, до првите полнења,
а потоа многубројни шишиња наше вино насекаде низ светот, некои од нив стануваат добитници на
престижни светски признанија; за тимот од посветени професионалци, мисијата продолжува.
Нашите вина се креации кои ја оживуваат нашата приказна комбинирајќи ги минатото и сегашноста,
раскажувајќи сега за раскошот од вкусови и мириси од светот на вината Камник.

КАМНИК ВРЕМЕПЛОВ

2004

ВИНАРИЈАТА Е ОСНОВАНА И
ПРВИТЕ ЛОЗИ СЕ ЗАСАДЕНИ

2008

ПРВАТА БЕРБА

2009

ПРВИТЕ НАГРАДИ:
Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2006 станува Шампиоун на сувите црвени вина на Vino Ljubljana 2009; го освојува Trophee de Excellence на Les Citadelles du Vin, Франција 2009 и освојува злато на Mundus Vini 2009, Германија.

2010

ПОЛНЕЊЕ НА ПРВОТО ВИНО ОД СОПСТВЕНИТЕ НАСАДИ:
Ten Barrels Syrah 2008

ПРВИ ИЗВОЗИ

2011

ВАЖНИ ПРИЗНАНИЈА за Signature Merlot Grand Reserva 2008: злато на Vinalies International Paris 2011; злато на Terravino Israel 2010; Унијата на француски енолози го рангира ова вино помеѓу 1000 најдобри вина на светот во својот вински водич "1000 Vins du Monde".

2013

DECANTER WORLD WINE AWARDS (DWWA): TERROIR VRANEC 2011 GRAND RESERVA освојува златен медал и регионален трофеј за најдобро црвено вино во Централна и Источна Европа во категоријата на црвени вина поскапи од £15.
Интересно: прво злато во Р. Македонија донесено од DWWA; прв златен едал доделен од DWWA за вино од сортата Вранец, во балкански рамки.

2014

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДНИОТ КАПАЦИТЕТ до 120.000 литри

2015

GOLDEN TEMJANIKA 2014,
се појавува првото македонско златно вино

CUVÉE DE PRESTIGE 2013
освојува двоен златен медал на Vinitaly 2015, Италија

2016

Spark Rosé,
се појавува првото Камник розе пенливо вино;

Вина на Chateau Kamnik може да се најдат во новоотворениот, престижен светски најголем културен центар посветен на виното, импресивниот и модерен музеј La Cité du Vin, Бордо, Франција.