Slide background
Slide background
Slide background

ЗА НАШИТЕ ЛОЗЈА

Камник е лоциран во Вардарската долина,
скопски вински регион, на источниот влез на Скопје.
Површината од 15 хектари лозја, како и самата винарија,
се простираат на брда со минимална надморска височина
од 300 метри и со наклон на падините кон југ. Блиските планини овозможуваат создавање на одлична микроклима
која e важен предуслов за одгледување на лозите.
Така, воздушните струења кои циркулираат во овој регион
ја намалуваат температурата преку лето, а на зима
ја загреваат почвата. Лозите се засадени со густина
од 5,500 садници по хектар, и се култивираат со методата
на еднокрак Guyot систем.
Винаријата, како и сите замоци, е местото каде се случува магијата, но вистинските вински иновации започнуваат
во нашите лозја, каде се одгледуваат новоразвиени
клонови од модерни вински сорти на грозја кои се користат
за производство на вина од светски ранг. Сорти кои се
одгледуваат на Камник: Syrah, Cabernet Sauvignon,
Cabernet Franc, Merlot, Vranec, Arinar Noir, Pinot Noir, Carmenere, Sangiovese, Montepulciano од црвените и:
Chardonnay, Sauvignon Blanc, Pinot Grigio, Gewurtztraminer,
Moscato Giallo, Muscat Petit Grains познато кај нас како
Темјаника, Viognier од белите. Во моментот експериментално
се развива и сортата Greco di Tufo.

ФАКТОТ ШТО РАЗЛИЧНИ КЛОНОВИ ОД РАЗЛИЧНИ СОРТИ
СЕ ЗАСАДЕНИ ВО ЕДИНСТВЕНО ЛОЗЈЕ, ПРАВИ ТОА ДА БИДЕ УНИКАТНО
И ИНТЕРЕСНО МЕСТО ЗА СИТЕ ЉУБОПИТНИ ЗА ЛОЗАРСТВОТО;
ВИСТИНСКА РИЗНИЦА НА ВКУСОВИ И АРОМИ.

ЖИВОТОТ НА ГРОЗДОВИТЕ

Грозјето одгледувано со најголема грижа го содржи целиот потенцијал за добивање
на врвни вина со препознатлива елеганција и структура.
Сите важни агротехнички мерки – кроење, зелени операции, дефолијација, редукција
на гроздови, се прават рачно. Бербата на грозјето, исто така се изведува целосно рачно,
и тоа во различни периоди за секоја сорта, а со цел да се постигне оптимална
фенолна зрелост на зрната кога ќе пристигнат во винаријата.

ТЕРОАР

Циметната почва со својата умерена плодност и добар механички состав дава идеални услови
за балансиран раст и развој на виновата лоза. Богатството од минерали во почвата се рефлектира
во автентичниот вкус на виното. Сите овие карактеристики на климата и почвата,
секако им даваат единствен печат на вината на Камник.