БЕРБА
Бербата започнува на крајот од август, а завршува во средината на октомври.
Времето на бербата
го избираме многу внимателно, земајќи ја во предвид фенолната,
ароматната и конечно,
енолошката зрелост на грозјето. Тоа резултира со оптимална
содржина на шеќери и ароматни
соединенија во зрното и квантитативна и квалитативна
еволуција на полифенолите во лушпата на
зрното.
Ги бираме само најдобрите гроздови, ги береме рачно, и тоа го славиме секоја година
како миг во
кој повторнo започнува создавање на вината Камник.
БЕРБАТА ОДБЛИЗУ
Како и другите активности во лозјето, и бербата на грозјето исто така се изведува целосно рачно,
и тоа во различни периоди за секоја сорта, а со цел да се постигне оптимална зрелост
на зрната
кои ќе пристигнат во винаријата. Бербата почнува во раните утрински часови со гроздови
од
белите сорти, кои први созреваат и за кои содржината на киселини и задржувањето на
специфичната арома се исклучително важни.
Кај некои од црвените сорти на грозје покрај
редукцијата на приносот во фаза на прошарок, се
врши и прекратување на дел од ластарите
во фаза на зреење, што доведува до парцијално
дехидрирање на гроздовите
и природно концентрирање на поголема содржина на шеќер.
Со ваквите ампелотехнички постапки се овозможува добивање на фенолно зрели вина со
интензивна рубин црвена боја, високо ниво на екстракти и потенцијал
за одлежување, во буриња
и шише.