Slide background
Slide background
Slide background

Slide background
Slide background
Slide background

Pinot Grigio Single Vineyard 2022

Виното е добиено 100% од сортата Pinot Grigio, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Се одликува со карактеристична сламесто бледа боја со зеленикави нијанси. Ова свежо, суво вино изобилува со привлечна овошна арома, која потсетува на пасирано бело овошје, пред сé круша и банана надополнета со цитрусни поттонови. Вкусот е полн, сортен, со карактеристична свежина, минерални ноти и пријатен, долг и хармоничен послевкус.

Препорачуваме ова вино да се конзумира разладено на 7-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, тестенини со бел сос и пилешко.

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Јануари 2023

Претходни берби:

Pinot Grigio Single Vineyard 2021

PINOT GRIGIO Single Vineyard 2020

PINOT GRIGIO Single Vineyard 2019

Pinot Grigio Single Vineyard 2018

Pinot Grigio Single Vineyard 2017

Pinot Grigio Single Vineyard 2016

Pinot Grigio Single Vineyard 2015

Pinot Grigio Single Vineyard 2014

Pinot Grigio Single Vineyard 2013

Pinot Grigio 2012

Pinot Grigio 2011

Pinot Grigio 2010

Slide background

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2022

Виното е добиено 100% од сортата Sauvignon Blanc, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Ова вино има специфична зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е сортен и типичен, открива дискретни вегетатитивни ноти во комплекс со цитруси и тропско овошје. Вкусот е средно полн, со карактеристична свежина, минерални поттонови и пријатен и хармоничен послевкус.

Виното се ужива разладено на 7-10°C, во комбинација со свежа морска риба, предјадење од лосос, зелена салата и пилешко месо.

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Мај 2023

Претходни берби:

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2021

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2020

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2019

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2018

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2017

Sauvignon Blanc Single Vineyard 2016

Sauvignon Blanc 2015

Sauvignon Blanc 2014

Sauvignon Blanc 2013

Sauvignon Blanc 2012

Sauvignon Blanc 2011

Sauvignon Blanc 2009

Slide background

Fume Blanc 2022

Виното е добиено 100% од сортата Sauvignon Blanc, има специфична зелено-жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е раскошен и елегантен, открива вегетативни ароми испреплетени со тонови на тропско овошје. Посебноста на ова вино произлегува од 6 – месечното созревање во нови буриња од француски даб со изразена минералност како и од примената на “sur lie” методот, при што се добива комплексно буке. Вкусот е полн, сортен, со карактеристична свежина, дискретни минерални ноти надополнети со зачински поттонови на дим, и долготраен послевкус.

Виното се консумира разладено на 7-10°С, во комбинација со свежа морска риба, предјадења од лосос, зелена салата и пилешко месо.

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Август 2023

Претходни берби:

Fume Blanc 2021

Fumé Blanc 2020

Fumé Blanc 2019

Fumé Blanc 2018

Fumé Blanc 2017

Fumé Blanc 2016

Fumé Blanc 2015

Slide background

Winemakers selection white 2022

Суво бело вино, добиено со фузија на внимателно одбрани сорти на грозје од сопствените насади на винаријата Камник: Viognier (37%), Greco di Tufo (37%) и Chardonnay (26%). Виното се одликува со кристална бистрина и сламесто жолта боја. Аромата е комплексна, преовладуваат тропски овошја надополнети со ароми на жолти цветови. Вкусот е полн, избалансиран, со хармонична свежина и изразена минералност.

Препорачуваме ова вино да се консумира на температура од 7-10˚С, како аперитив, во комбинација со лесни предјадења и медитеранска храна.

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Јуни 2022

Претходни берби:

Winemakers selection 2021

Winemakers’ Selection 2020

Winemakers’ Selection 2019
Greco di Tufo,Viognier & Chardonnay

Winemakers’ Selection 2018
Greco di Tufo & Viognier

Slide background

Temjanika 2022

Премиум ароматично бело вино добиено 100% од сортата Темјаника. Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја. Шармот на ова вино се открива преку елегантниот и сензулатен мирис, типичен за сортата. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.

Препорачуваме да се послужува разладено на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и азиска кујна.

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Мај 2023

Претходни берби:

Temjanika 2021

Temjanika 2020

Temjanika 2019

Temjanika 2018

Temjanika 2017

Temjanika 2016

Temjanika 2015

Temjanika 2014

Temjanika 2013

Temjanika Premium Dry White Wine 2012

Temjanika Premium Dry White Wine 2011

Temjanika 2010

Temjanika 2009

Temjanika 2007

Temjanika 2006

Slide background

Golden Temjanika 2022

Златна Темјаника е премиум полусуво бело вино добиено од одбрани гроздови Темјаника. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се истакнуваат со дoдавањето на нежни ливчиња од вистинско 23-каратно злато во самото вино. Златна Темјаника, освен со својот ултрамодерен, нежно-сјаен изглед, се одликува и со мирис кој е елегантен и сензуален, со комплексни овошни ароми на сува кајсија, кора од портокал и дискретни зачински поттонови. Вкусот е полн, избалансиран, со хармонична свежина и овошно-зачински послевкус. Златните ливчиња присутни во Златна Темјаника се наменети за употреба во гастрономијата, сосема се безбедни за конзумација, и немаат влијание врз вкусот и мирисот на самото вино.

Златна Темјаника е вино чие создавање е инспирирано од величенственоста на обичните мигови кои ги споделуваме со другите луѓе. Визуелно присутната екстраваганција и нишката на луксуз кај ова вино претставуваат порака која нe потсетува на убавината на едноставното уживање во животот.

Уживајте во ова вино како аперитив, во комбинација со лесни предјадења и суви колачи.

Препорачана температура на послужување: 7-10°С.

Алкохол: 12.5% Vol.

Полнето: Март 2023

Претходни берби:

Golden Temjanika 2021

Golden Temjanika 2020

Golden Temjanika 2019

Golden Temjanika 2018

Golden Temjanika 2017

Golden Temjanika 2016 Premium semi-dry white wine

Golden Temjanika 2015

Golden Temjanika 2014

Slide background

Chardonnay Single Vineyard 2022

Виното е добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади во непосредна близина на винаријата Камник. Се одликува со кристална бистрина и изразена жолто-зелена боја. Дискретните ароми на ананас и јужно овошје, надополнети со минерални поттонови, го прават ова вино посебно модерно и привлечно. Вкусот е префинет и комплексен, полн, со изразена цитрусна свежина што овозможува пријатен и долготраен послевкус.

Ова вино одлично се комбинира со равиоли од тиква и други видови на тестенини, со бело месо, како и со одбрани сирења.

Препорачана температура на послужување: 8-12°С.

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Февруари 2023

Претходни берби:

Chardonnay Single Vineyard 2021

Chardonnay Single Vineyard 2020

Chardonnay Single Vineyard 2019

Chardonnay Single Vineyard 2018

Chardonnay Single Vineyard 2017

Chardonnay Single Vineyard 2016

Chardonnay Single Vineyard 2015

Chardonnay Single Vineyard 2014

Chardonnay Single Vineyard 2013

Chardonnay Single Vineyard 2012

Chardonnay Single Vineyard 2011

Chardonnay Single Vineyard 2009

Chardonnay 2007 Late Harvest

Chardonnay 2005

Slide background

Chardonnay Barrel Fermented 2022

Виното е добиено 100% од сортата Chardonnay, од сопствените насади на винаријата Камник. Посебноста на ова Chardonnay се должи на применетата ферментација во буриња од француски даб, со продолжен контакт на виното со финиот талог по т.н. „sur lie“ метода, како и на дополнителното 10 -месечно созревање во истите. Се одликува со бледо златеста боја и кристална бистрина. Мирисот е комплексен, раскошен и елегантен, со испреплетени ароми на тропско овошје. Вкусот е полн, хармоничен и заокружен, кремаст, со бисквитно-путерна текстура и долг перзистентен послевкус.
Виното се одликува сo исклучителна полност, хармоничност и заокруженост, и со потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.

Се сервира разладено на 10 – 12°C. Уживајте во ова вино во комбинација со сите видови на бело месо, морски плодови, риба, тестенини и одбрани сирења.

Алкохол: 15% Vol.

Полнето: Септември 2023

Претходни берби:

Chardonnay Barrel Fermented 2021

Chardonnay Barrel Fermented 2020

Chardonnay Barrel Fermented 2019

Chardonnay Barrel Fermented 2018

Chardonnay Barrel Fermented 2017

Chardonnay Barrel Fermented 2016

Chardonnay Barrel Fermented 2015

Chardonnay Barrel Fermented 2014

Chardonnay Barrel Fermented 2013

Chardonnay Barrel Fermented 2012

Chardonnay Barrel Fermented 2011

Chardonnay Barrel Fermented 2009

Chardonnay Barrel Fermented 2008

Chardonnay Barrel Fermented 2007

Chardonnay Barrel Fermented 2006

Slide background

Euphoria 2018

Премиум бело десертно вино добиено од доцна берба на одбрани гроздови од сортата Темјаника. Аромата е впечатлива со слаткаст и интензивен мирис на бела праска и сува кајсија, проткаен со дискретни цветни ноти и зачински поттонови. Вкусот е впечатлив, полн, со хармонична свежина и резидуална слаткост. Ова вино е одлично во комбинација со пита од јаболка, овошна торта или крем бруле. Се препорачува да се консумира на температура од 8-10°C.

Алкохол: 11% Vol.

Полнето: Март 2019

Претходни берби:

EUPHORIA 2016 Temjanika Late Harvest

EUPHORIA TEMJANIKA Late Harvest 2015

Temjanika Late Harvest 2008 Selected Dry Berries

Slide background

Viognier 2021

Виното е добиено 100% од сортата Viognier , има специфична длабока жолта боја и кристална бистрина. Мирисот, кој е сортен, раскошен и елегантен, открива овошни ароми на нектарина и крушка, надополнети со тонови на анамска рака и колачиња со ѓумбир. Посебноста на ова вино произлегува од 10 –месечниот продолжен контакт на виното со финиот талог по т.н “sur lie” метода, при што се добива комплексно буке. Вкусот е комплексен и полн, со специфични минерални и кремасти ноти, кои се проследени со долг хармоничен послевкус.

Виното се консумира разладено на 10-12°С, во комбинација со кремасти и малку зачинети јадења.

Алкохол: 14% Vol.

Полнето: Август 2022

Претходни берби:

Viognier 2020