The Orange 2021 Gewürztraminer
Ова бело вино е добиено од 100% Gewürztraminer селектирани гроздови, од сопствените насади на винаријата Камник. Бојата е нежнa килибарно-портокалова. Аромата е комплексна и богата со ноти на дива роза и сува кајсија, испреплетени со тонови на мед и тропско овошје. Куриозитет за ова вино претставува древниот начин на производствo, со спонтана фемернтација и 6-месечна мацерација на покожицата, која е проследена со 5-месечно созревање во дабови буриња. Виното има полн и хармоничен вкус, со меки танини и долготраен послевкус што му овозможува капацитет за неколкугодишно созревање во шише. Ова моќно вино се препорачува да се консумира како аперитив, разладено на температура од 12-15°С, во комбинација со одбрани сирења или зачинета мароканска и азиска кујна.
Алкохол: 14% Vol.
|
Полнето: Декември 2022
|
Претходни берби:
The Orange 2019 Gewürztraminer
The Orange 2017 Pinot Grigio
The Orange 2013 Grenache Blanc