ЗА НАШИТЕ ЛОЗЈА
Камник е лоциран во Вардарската долина,
скопски вински регион, на источниот влез на Скопје.
Површината од 17 хектари лозја, како и самата винарија,
се простираат на брда со минимална надморска височина
од 300 метри и со наклон на падините кон југ.
Винарија Камник
исто така располага со лозови насади кои се наоѓаат во
Велешкиот регион на надморска висина од 550м.
Овие лозови насади се застапени со сортите Вранец, Кабернет Совињон и Мерло. Од овие лозови насади се произведува нашата Гранд Резерва линија на вина.
Блиските планини овозможуваат создавање на одлична микроклима
која e важен предуслов за одгледување на лозите.
Така, воздушните струења кои циркулираат во овој регион
ја намалуваат температурата преку лето, а на зима
ја загреваат почвата. Лозите се засадени со густина
од 5,500 садници по хектар, и се култивираат со методата
на еднокрак Guyot систем.
Винаријата, како и сите замоци, е местото каде се случува магијата, но вистинските вински иновации започнуваат во нашите лозја, каде се одгледуваат новоразвиени клонови од модерни вински сорти на грозја кои се користат за производство на вина од светски ранг. Сорти кои се одгледуваат на Камник: Syrah, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc, Merlot, Vranec, Arinarnoa, Pinot Noir, Carmenere, Sangiovese, Montepulciano од црвените и: Chardonnay, Sauvignon Blanc, Pinot Grigio, Gewurtztraminer, Moscato Giallo, Muscat Petit Grains познато кај нас како Темјаника, Viognier од белите. Во моментот експериментално се развива и сортата Greco di Tufo.
|