Slide background
Slide background
Slide background

ИМАМЕ ЕДНОСТАВНА ФИЛОЗОФИЈА.
ВОДЕНИ ОД СТРАСТА ЗА СОВРШЕНСТВОТО, ВО ПОСТОЈАНА ПОТРАГА ПО НАЈДОБРОТО,
ИНСПИРИРАНИ ОД МАГИЈАТА НА ГРОЗДОВИТЕ,
ПОСВЕТЕНИ НА УБАВИНАТА НА СОЗДАВАЊЕТО,
ЕДНОСТАВНО ГИ СОЗДАВАМЕ ВИНАТА КОИ САКАМЕ ДА ГИ ВКУСИМЕ.

ИМПУЛСИ НА СОЗДАВАЊЕТО

Автентично македонска, винаријата Камник е израз на величенственоста на древниот
македонски дух, традиции и тло, и тоа преку еден навистина современ вински стил.
Соединувањето на минатото и иднината, традициите со софистицираниот пристап, природата
и науката, соединувањето на предизвикот и сонот, тоа се импулсите со кои започнува нашата
потрага по најфасцинантните вкусови на виното.
Визиите и целите на нашиот тим се фокусирани кон зачувувањето на историските
и традиционални вредности преку нивно прилагодувње кон потребите на денешниот префинет
пазар на вино, истовремено истражувајќи ги можностите кои ни ги нудат напредните
технолошки апликации.

AСПЕКТИ НА СОЗДАВАЊЕТО

ФЕРМЕНТАЦИЈА

Винификацијата започнува веднаш по бербатa, и тоа со белите сорти на грозје кои први
созреваат. Процесот на винификација се одвива во специјални танкови од инокс и дабово дрво.
Со цел да се постигне соодветна кинетика на ферментацијата, секој сад посебно се контролира
и следи во однос на температурата; овие податоци повеќепати дневно графички ги прикажува
компјутерскиот систем за следење. Во однос на црвените вински сорти, системот за автоматско
пневматско потопување кај дрвените танкови овозможува исклучителна екстракција на боја
со особено префинети танини, но овозможува и зачувување на сите ароматични компоненти.

ЗРЕЕЊЕ НА ВИНОТО

Процесот на зреење се одвива во нашиот вински подрум во услови на строго контролирани
температура и влажност, во период од 14 до 32 месеци, најчесто во нови барик буриња од 225 l
од француски и американски даб.