Slide background
Slide background
Slide background

Slide background
Slide background
Slide background
Slide background

PINOT NOIR 2021

Ова суво црвено вино е добиено oд внимателно селектирани гроздови од сортата Pinot Noir. Виното се карактеризира со нежна рубин црвена боја. Мирисот е впечатлив, пред сé овошен, открива ароми на малина, брусница и вишна. Вкусот е средно полн, елегантен, со испреплетени ароми на црвено овошје и сладок корен. Cозревањето во буриња од американски и француски даб му дава на ова вино дополнителна структура и зачински ноти на каранфилче и дим, завршувајќи со долг послевкус. Виното се одликува со одлична хармоничност и меки сомотести танини кои му овозможуваат капацитет за неколкугодишно созревање во шише.

Ова вино одлично се комбинира со специјалитети од димен лосос, пате од гуска, или со одбрани меки сирења.

Препорачана температура на послужување: 13-15°C.

Алкохол: 14% Vol.

Полнето: Август 2023

Претходни берби:

PINOT NOIR 2020

PINOT NOIR 2019

PINOT NOIR 2018

PINOT NOIR 2017

PINOT NOIR 2016

PINOT NOIR 2015
LOT No. 2

Slide background

Winemakers Selection red 2021

Суво црвено вино добиено со фузија на внимателно одбрани гроздови од сортата Vranec од органско потекло (40%), oд Merlot (40%) и Carménère (20%). Виното се одликува со рубин црвена боја. Аромата е комплексна, со истакнат овошно-зачински карактер кој потсетува на зрела цреша, надополнета со дискретни поттонови на ванила. Вкусот е полн, со кадифено меки танини кои му овозможуваат на ова вино долг послевкус и капацитет за неколкугодишно созревање во шише.

Комбинирајте го ова вино со одбрани јаки сирења, италијански колбаси и разни специјалитети од месо. Препорачана температура на послужување: 12-15°С

Алкохол: 14% Vol.

Полнето: Јуни 2023

Претходни берби:

Winemakers Selection red 2020

Winemaker's Selection 2019

Winemaker's Selection 2018

Winemaker's Selection 2017

Winemaker's Selection 2016

Winemaker's Selection 2015

Winemaker's Selection 2014

Winemaker's Selection 2013

Winemaker's Selection 2011

Winemaker's Selection 2009

Slide background

Monte 2022

Суво црвено вино добиено со винификација на внимателно одбрани гроздови од сортите Montepulciano (71%) и Vranec (29%) од сопствените насади на винаријата Камник, одлгледувани со особено внимание и редукција на родот.

Ова вино се карактеризира со длабока рубин црвена боја и интензивен мирис кој открива ароми на зрела капина и црна слива. Вкусот е полн и маркантен, со испреплетени тонови на капучино и какао, и долготраен послевкус. Mеките сомотести танини и хармоничната свежина му овозможуваат на виното капацитет за неколкугодишно созревање.

Комбинирајте го ова вино со специјалитети од црвено месо, пате од гуска со слатко од кромид, или со одбрани сирења.

Алкохол: 14% Vol.

Полнето: Септември 2023

Претходни берби:

Monte 2021

MONTE 2020

MONTE 2019

MONTEPULCIANO 2018

Monte 2018

MONTEPULCIANO 2017

Montepulciano 2015

Montepulciano 2013

Montepulciano 2011

Montepulciano 2009

Slide background

CUVÉE DE PRESTIGE 2020

Суво црвено вино добиено со винификација на внимателно одбрани гроздови од сортите Merlot (43%), Vranec (38%) и Cabernet Franc (19%). Виното се одликува со интензивна рубин црвена боја и допадлива арома на црно ситнозрнесто овошје, надополнетo со дискретни зачински поттонови и долг послевкус. Комплексноста на ова кувe се должи на 22-месечното одлежување во нови и делумно користени буриња од француски и американски даб. Вкусот е полн, со висока содржина на екстракт и меки сомотести танини кои му овозможуваат на ова вино потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.

Kомбинирање: со јаки сирења или специјалитети од месо и дивеч.

Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.

Препорачана температура на послужување: 15-18°С.

Алкохол: 15% Vol.

Полнето: Април 2023

Претходни берби:

CUVÉE DE PRESTIGE 2019

CUVÉE DE PRESTIGE 2018

CUVÉE DE PRESTIGE 2017

CUVÉE DE PRESTIGE 2016

CUVÉE DE PRESTIGE 2015

Cuvee de Prestige 2014

Cuvee de Prestige 2013

Cuvee de Prestige 2012

Cuvee de Prestige 2009

Cuvee de Prestige 2006

Slide background

Ten Barrels Syrah 2021 Reserva

Ова суво црвено вино е добиено од истоимената сорта на грозје Syrah, од сопствените насади на винарија Камник. Посебноста на ова вино произлегува од двојната редукција на приносот на грозје, што резултира во парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза и добивање фенолно зрело грозје. Виното се одликува со интензивна рубин црвена боја, висок екстракт и потенцијал за созревање. Букетo изобилува со ароми на капина, црна рибизла и слива што се истакнува преку винификација со 6% Вранец грозје. Комплексноста на ова вино се должи на 20-месечното одлежување во нови буриња од американски и француски даб, што допринесува за добивање дискретни зачински тонови на мока кафе, ванила, сладок корен и темно чоколадо. Вкусот е елегантен и полн, со одлична структура, меки и кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми со долготраен послевкус. Ова вино има капацитет на повеќегодишно созревање во шише.

Виното се служи на температура од 15-18°С, во комбинација со разни видови месо, особено дивеч во пикантен сос.

Алкохол: 16.5% Vol.

Полнето: Август 2023

Претходни берби:

Ten Barrels Syrah 2020 Reserva

Ten Barrels Syrah Reserva 2019

Ten Barrels Syrah Reserva 2018

Ten Barrels Syrah
Reserva 2017

Ten Barrels Syrah Reserva 2016

Ten Barrels Syrah Reserva 2015

Ten Barrels Syrah 2013

Ten Barrels Syrah 2012

Ten Barrels Syrah 2011 Grand Reserva

Ten Barrels Syrah 2010

Ten Barrels Syrah 2009

Ten Barrels Syrah 2008

Syrah 2005 Barrique

Slide background

Merlot Single Vineyard 2020 Reserva

Суво црвено вино произведено 100% од внимателно избрани гроздови од сортата Merlot од сопствените насади на винаријата Камник. Oва вино се одликува со длабока рубин црвена боја со виолетова нијанса. Процесот на 28-месечно одлежување на виното во нови буриња од американски и француски даб резултира во комплексен мирис кој открива овошно-зачински тонови, со доминантна арома на ситнозрнесто црно и црвено овошје, надополнетa со ноти на ванила и кафе. Виното има полн и елегантен вкус кој изобилува со меки и интегрирани танини, а долготрајниот и постојан послевкус се карактеризира со сладок корен и чоколада.

Виното има капацитет за повеќегодишно одлежување во шише.

Oва вино совршено се комбинира со специјалиети од месо, особено со дивеч со додаток на разни пикантни сосови, како и со разни видови на сирења.

Препорачанa температура за конзумирање: 15-18°С.

Алкохол: 14.5% Vol.

Полнето: Април 2023

Претходни берби:

Merlot Single Vineyard 2019 Reserva

Merlot Single Vineyard 2018 Reserva

Merlot Single Vineyard 2016 Reserva

Merlot Single Vineyard Reserva 2015

Merlot Single Vineyard Reserva 2014

Merlot Single Vineyard Reserva 2013

Merlot Single Vineyard Reserva 2011

Merlot Single Vineyard Reserva 2010

Merlot Single Vineyard Reserva 2009

Merlot Single Vineyard Reserva 2007

Merlot Single Vineyard Reserva 2005

Slide background

TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON
2020 Reserva

Премиум суво црвено вино добиено од сортата Cabernet Sauvignon. Виното се одликува со изразена рубин боја со темноцрвени нијанси. Вистинска резерва со препознатлив, зрел и раскошен мирис со овошно-зачински карактер. Потсетува на ситнозрнесто црвено и црно овошје во комбинација со сладок корен, темно чоколадо, печено кафе и нане, надополнети со ванилинско-зачински тонови. Оваа комплексност се должи на 23-месечното созревање во нови буриња од француски и американски даб. Вкусот е полн, хармоничен, со убава структура, импресивни и меки танини и долготраен послевкус кој на ова вино му дава посебен шарм и капацитет од повеќегодишно зреење во шише.

Виното се послужува на температура од 16-18°С и одлично се комбинира со специјалитети од разни видови месо, особено со бифтек во сос од зелен бибер или дивеч во пикантен сос.

Алкохол: 15% Vol.

Полнето: Јануари 2023

Претходни берби:

TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON
2018 Reserva

TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON
2016 Reserva

TEN BARRELS CABERNET SAUVIGNON 2015 Reserva

Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva Reserva 2013

Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2011 Reserva

Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2009 Reserva

Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2007

Ten Barrels Cabernet Sauvignon 2006

Cabernet Sauvignon 2005 Barrique

Cabernet Sauvignon 2004 Barrique

Slide background

TERROIR VRANEC
Grand Reserva 2018

Суво црвено вино добиено од 100% одбрани гроздови и природно просушени на самата лоза, од сортата Вранец. Виното се одликува со карактеристична густина за сортата, одлична подвижност и динамичен вискозитет. Бојата е длабока и темна рубин црвена, а аромата е овошно-зачинска и потсетува на комбинација од зрела капина, боровинка и модра слива, со дискретна нота на нане. Со процесот од 24-месечно зреење во нови буриња од француски и американски даб се добива исклучително полн и интензивен вкус на џем од црно овошје, со долг и перзистентен чоколаден послевкус. Хармоничната свежина, меките сомотести танини и комплексното букe со префинета структура му овозможуваат на ова вино потенцијал за долго созревање. Со одлежувањето на подолг период во соодветен амбиент ова вино ќе добие дополнителна комплексност и раскош.

Комбинирајте го ова вино со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос, или јаки сирења.

Препорачана температура на послужување: 15-18°С.

Препорачуваме да се декантира пред послужување.

Алкохол: 16% Vol.

Полнето: Август 2021

Претходни берби:

TERROIR VRANEC
Grand Reserva 2015

TERROIR VRANEC Grand Reserva 2013

Terroir Vranec Grand Reserva 2012

Terroir Vranec Grand Reserva 2011

Terroir Vranec Grand Reserva 2008

Slide background

Signature Merlot Grand Reserva 2017

Ова пoсебнo сувo црвенo винo е дoбиенo oд 100% внимателнo oдбранo грoзје oд сoртата Мerlot. Винoтo се oдликува сo длабока рубин црвена бoја и темна виoлетoва нијанса. Куриoзитет за oва винo е 24-месечнoтo oдлежување во нови буриња од француски и американски даб, кои во текот на созревањето два пати се заменети со нови. Оваа ретко применувана метода на созревање , 200% барик, резултира со интензивен, созреан и комплексен мирис на зрело црвено овошје, дискретна ванила и поттонови на ментол и каранфилче. Вкусот е богат, полн, хармоничен, со одличен баланс, мека танинска структура и долготраен овошно-чоколаден послевкус. Грижливото одлежување во шише во своодветен амбиент на подолг период ќе му даде на ова вино дополнителна комплексност.

Се препорачува да се консумира на температура oд 15-18° С, во комбинација со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос и созреани сирења.

Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.

Алкохол: 17% Vol.

Полнето: Декември 2019

Претходни берби:

SIGNATURE MERLOT
Grand Reserva 2012

Signature Merlot Grand Reserva 2008

Slide background

Heritage Cabernet Sauvignon 2019 Grand Reserva

Ова посебно полусуво црвено вино е добиено од 100% внимателно одбрано грозје од сортата Cabernet Sauvignon. Виното се одликува со длабока рубин црвена боја и темна виолетова нијанса. Куриозитетот за ова вино е примената на природна редукција на родот со која се овозможува парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза. Процесот од 30-месечното одлежувањето на ова вино во нови буриња од американски и француски даб резултира со интензивен, созреан и комплексен мирис на зрелo пасирано црно овошје, дискретна ванила, сладок корен и зачински поттонови. Вкусот е богат, полн со исклучителна тежина, мека танинска структура, хармонични киселини и долготраен овошно-чоколаден послевкус. Со продолженото зреењето во шише на соодветен амбиент ова вино добива дополнителна комплексност.

Се препорачува да се консумира на температура од 15-18°С, во комбинација со специјалитети од црвено месо, дивеч во пикантен сос и со одбрани зреени сирења.

Препорачливо е виното да се декантира пред послужување.

Алкохол: 15% Vol.

Полнето: Јуни 2022

Претходни берби:

Heritage Cabernet Sauvignon 2016 Grand Reserva

Slide background

CABERNET SAUVIGNON
Late Harvest 2009

Премиум црвено десертно вино добиено од доцна берба на одбрани гроздови од сортата Cabernet Sauvignon. Виното се карактеризира со бистрина и нежна рубин црвена боја. Интензивниот овошно-зачински мирис потсетува на сладок сируп од мешавина на ситнозрнесто овошје, дополнет со ноти на зелена пиперка како карактеристика на сортата. Вкусот е полн, хармоничен, многу екстрактивен, со пријатни киселини кои ова вино го прават избалансирано и со долготраен послевкус.

Се препорачува да се консумира самостојно или како десерт на температура од 13-15°С, со одбрани јаки сирења или сув колач од темно чоколадо.

Алкохол: 15.1% Vol.

Полнето: Јуни 2012

Slide background

Kratosija 2021

Суво црвено вино добиено од истоимената сорта на грозје Кратошија. Ова вино се карактеризира со длабока рубин црвена боја, која се истакнува преку винификацијата со 15% Вранец. Букетo изобилува со ароми на црвено и црно ситнозрнесто овошје, надополнети со зачински поттонови. Ова вино претставува вистинска резерва, што се должи на 30-месечното одлежување во нови и делумно користени буриња од американски и француски даб, кои допринесуваат за добивање дискретни зачински тонови на каранфилче, надополнети со мирис на мока кафе, ванила и сладок корен. Вкусот е елегантен, комплексен и полн, со одлична структура, висок екстракт, меки и кадифени танини и добро интегрирани дабови ароми преточени во долготраен послевкус. Ова вино има потенцијал на повеќегодишно созревање во шише.

Виното се служи на температура од 15-18°С, во комбинација со разни видови месо, особено дивеч во пикантен сос.

Алкохол: 15% Vol.

Полнето: Септември 2022

Претходни берби:

Kratošija 2017

Slide background

Carménère 2021

Ова вино се карактеризира со волшебни ноти на пиперка и црвен пипер, вкусови на цреша и живописен јужен шарм. Ова Carménère е вино со полно тело, карактеристично по својата пикантност. Неговата длабока црвена боја, кармин, ја наговестува бојата на лисјето во лозјето пред есенскиот листопад. Вкусот потсетува на сочни печени пиперки, темно чоколадо и тутун, дополнет со меки танини.

Ова вино одлично се комбинира со печено јагнешко, Медитерански зеленчук на скара и музичка комбинација – Bossa Nova Jazz.

Препорачана температура на послужување: 15-18°C.

Алкохол: 13.5% Vol.

Полнето: Ноември 2022

Претходни берби:

Carménère 2020

Carménère 2019