Spark Brut Nature 2018, Blanc de Blancs
Пенливо вино добиено 100% од Chardonnay грозје од сопствените насади на винаријата Камник. Ова пенливо вино изобилува со комплексност која се открива во раскошот на нежните меурчиња. Станува збор за brut nature пенливо вино кое е добиено со традиционален метод на тригодишно созревање во шише, со што се создава моќна и елегантна арома со впечатливи овошно-зачински ноти. Вкусот е полн и кремаст, совршено избалансиран со овошни ноти и минерални поттонови надополнети со цитрусна свежина со што се овозможува уживање во долготраен послевкус.
Ова пенливо вино има потенцијал за повеќегодишно созревање во шише.
Се препорачува како аперитив, во комбинација со свежа морска храна или свежо овошје.
Препорачана температура на послужување: разладено на 6-9 °C.
Алкохол: 11.5% Vol.
|
Дегоржирано: Декември 2021
|
Претходни берби:
Spark Rose 2017
Spark Brut Nature 2014, Blanc de Blancs
SPARK 2010 BRUT Traditional Method